Станковски: Уметниците се неспокојни, се случува продажба на националните интереси

Улогата на уметниците е спонтано да им објаснат што е можно попластично и поемотивно на граѓаните за што се работи. Тоа е улогата на уметниците и во светот кога станува збор за некои политички дубиози кои треба да се разјаснат, вели Ацо Станковски за улогата на уметниците во општетството и политиката, по повод нивното излагање на протестите „За заедничка Македонија“.

„Видовме дека уметниците одамна се залагаа за одредени правидини во општеството, тие се инволвирани во општествено-уметничките текови. Уметниците се неспокојни во моментов, гледаат дека се случува продажба на државните национални интереси, што не се случува прв пат, меѓутоа се кренаа и ги повикаа своите сограѓани да изразат протест против една ваква „идиотска“ политика од одредени партии кои сакаат да се дограбат до власта и на еден таинствен начин влегуваат во аражмани кои би можеле да бидат фатални за иднината на Република Македонија“, вели Станковски за ТВ Нова.