
Македонското сонце на знамето вечно нека грее, порача вечерва еден од најпопуларните балкански пејачи Дино Мерлин на промоцијата на документарниот филн „Средина“, приказна посветена токму за животот на Мерлин.
-Јас зборувам за Македонија, земјата во која вечерва ако луѓето ме гледаат сакам да им кажам да го сочуваат тоа сонце кое е на нивното знаме, да сонцето на македонското знаме никогаш не згасне и вечно да сјае, да тие луѓе пронајдат разум и најдоброто од себе да го дадат да никогаш не дојде до најлошото, порача Мерлин.