
Одговорајќи на новинарски прашања пред посетата на компанијата „Завар“, Тимоние рече дека е запознаен со писмото на претседателот Ѓорге Иванов, но нема да го коментира зашто, како што нагласи, не е испратено до претседателот на Француската Република.
Се запознав со писмото што го упати претседателот Иванов до претседателот на Европскиот совет, претседателот на САД, турскиот претседател и генералниот секретар на НАТО. Ќе разберете дека воопшто нема да коментирам за писмо кое не е испратено до претседателот на Француската Република. Тоа писмо ќе биде разгледувано во рамки на Европскиот совет во петок, истакна амбасадорот Кристијан Тимоние.