Едно лице осомничено за напад врз новинари

Секторот за внатрешна контрола Скопје поднесе кривична пријва против едно лице за нападот на новинарите на порталот „А1 он“, објави телевизијата „24 вести“ на својата интернет страница.

Како што изјави Министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу пријавата е поднесена против лице, потенцијален сторител на кривично дело насилство.

Станува збор за нападот на новинарите „А1 он“ со можност во наредните денови кривичната пријава да се дополни со соодветни факти и докази во однос на другите осомничени во овој случај. Никој не е над Законот, секој еден ден ќе сноси одговорност, порача Нухиу.

Тој денеска се сретна со претседателот на Здружениеот на новинарите, Насер Селмани, и го информираше за текот на истрагата за овој случај. Селмани оцени дека ова е нова практика на МВР и дека ова е прв пат Министерството да застане во одбрана на новинарите.

Снимател и новинар од порталот „А1 он“ беа нападнати во центарот на Скопје, кај Порта Македонија по завршувањето на еден од протестите на иницијативата „За заедничка Македонија“.