
Македонци тука сме повторно да го поздравиме претседателот на Република Македонија и да му порачаме да не подлегнува на притисоците и да не подлегнува на манипулациите, како и на обидите на овој народ да се потцени, порача од пред канцеларијата на претседателот Иванов, Богдан Илиевски-член на иницијативата „ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА“.
„Ѓорге Иванов ќе продолжи да ги брани националните интереси на оваа земја бидејќи така и се заколна на денот кога стана наш претседател и нема да дозволи туѓи платформи да влезат во нашата земја“, рече Илиевски.