Поетесата Сековска: Со раѓање сме го добиле и името и во смрт со него заминуваме-зарем ќе дозволиме некој од надвор да ни посакува смрт и живи да не погребува?

-За кого сме овде? За Македонија, Македонија е земја во која живеат сите Македонци и ние не бараме ништо туѓо, никој нема морално право на еден народ да му го одземе јазикот и идентитетот, ниту јазикот ни го подариле па сега да го вратиме, ниту името сме го добиле на референдум па сега да гласаме за него, истакна поетесата Виолета Сековска.

Со раѓање сме го добиле и името, и во смртт со него заминуваме, без името ни смртта не може да не пронајде, зарек ќе дозволиме некој од надвор да ни решава за јазикот и да ни посакува смртт пред време, затоа што без јазикот ние сме живи погребани. Јазикот е клучот на нашето срце, го губиме клучот, го губиме и јазикот, земја и држава не се освојува само со мечеви, туку и со јазици, порача Сековска вечерва пред Собранието на Република Македонија.

Таа истакна и дека без оглед кој владее во нашата земја, народот е еден, јазикот е еден и само тој може да го спои сиот народ во едно. Затоа ние сами ќе се грижиме за себе, бидејќи тука на оваа територија има живи Македонци колку и да не му е драго на некому, порача