
Мал пожар избувнал утрово во зградата на „Јахја Кемал“ во центарот на Скопје.
Како што информираат од Противпожарната служба, пожарот избувнал на покривната конструкција и брзо бил изгаснат.
Според првичните информации, причинета е мала материјална штета. Очевидци сведочат дека сите вработени биле излезени надвор.
Неколку противпожарни возила брзо ја завршиле работата. Местото го обезбедувала и полиција.