
Најмалку 46 лица загинаа денеска при експлозија на две бомби во сирискиот главен град Дамаск, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.
Сириските државни медиуми јавија дека двете експлозии се случиле во стариот дел на Дамаск и дека има и голем број ранети лица.
Истите извори информираа дека двете бомби „поставени од терористи“, експлодирале крај гробиштата во населбата Баб Мусала, во близина на една од седумте порти за влез во стариот дел на Дамаск.
Телевизијата Ал-Мајаден јави дека цел на нападот биле автобуси со кои на гробиштата пристигнале шиитски верници.
Според некои медумски извештаи, прво експлодирала поставена бомба, а набрзо потоа на истото место се саморазнел бомбаш самоубиец.
Телевизијата на либанското шиитско движење Хезболах, Ал Манар пак тврди дека нападот го изврпиле двајца бомбаши самоубијци.