Новинар од „Телевизија 24“ удрен со знаме на протестите

Новинар од „Телевизија 24“ вчера бил нападнат на протестот на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ во Скопје.

Новинарот Христијан Баневски вели дека додека известувал од настанот најпрво бил вербално нападнат, а потоа во главата добил удар. Тој вели дека учесник во протестот го удрил со стап од знаме во тилот.

Од телевизијата наведуваат дека организаторите се оградиле од инцидентот со образложение дека било случајно и ненамерно.