Променливо облачно, со температура до 14 степени

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер од северен правец. Ветерот наместа ќе достигнува брзина од околу 80 км/час. Локално с уште ќе има услови за слаб дожд, а на планините снег.

Утринската температура ќе се движи од еден до осум, а дневната од осум до 14 степени.

Во Скопје ќе биде повремено облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 11 степени.

Од понеделник се очекува стабилно време со умерен северен ветер. Утринските температури во почетокот на наредната недела на места ќе бидат негативни.