
Според советникот во канцеларијата, рокот за пријава на промените кои се направени во стопанствата истекува за два дена. – Уште два дена остануваат за пријава на сите промени во земјоделските стопанства кои мора да се евидентираат и пријават. Доколку има зголемен или намален број парцели кои се засеваат или засадуваат, како и други промени, за да можат да аплицираат на претстојните повици за директни плаќања на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, рече Влатко Ристовски, советник во подрачна канцеларија на АФПРЗ.
Рече, пријавувањето на промени сопствениците на земјоделски стопанства се врши во Подрачната канцеларија на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Крива Паланка.