Академик Маџунков: Платформата е ултранационалистичка и неприфатлива

Академик Митко Маџунков повика МАНУ да ја отфрли тиранската платформа како акт во кој се чувствува „експанзионистичката политика“.

Според Маџунков, платформата ги повредува чувствата на Македонците под закрила на меѓународната заедница и сега е ред на Албанците да се извинат за тоа. За Маџунков сите точки на платформата се ултранационалистички и неприфатливи и тоа е акт за формирање голема Албанија кој треба да биде отфрлен од МАНУ како акт во кој се чувствува експанзионистичката политика од призренската лига.