Климовски: Платформата е директен атак врз суверенитетот и унитарноста на Македонија

„Ако коалицирањето меѓу СДСМ и албанските партии беше платформата, т.е. барањата од платформата да се преточат во закон, тогаш како може претседателот да го даде мандатот?, нормално не го даде, и нема ни да го даде“, изјави универзитетскиот професот Александар Климовски во „Поенти“ на ТВ Нова.

„Општо познато е дека платформа со тие барања што ги поседува во себе претставува директен атак врз суверенитетот и унитарноста на државата, т.е. врз основните уставните одредници на Република Македонија како држава“, посочи Климовски.

Тој истакна голема благодарност до претседателот Ѓорге Иванов што опстои после сите притисоци на правно издржаниот политички мудар потег да не го даде мандатот на луѓе кои за власт се спремни да ја разнебитат државата и да ја одиграат улогата на марионети на бината на големиот сценарист.