Мавровски: Трифун Костовски веднаш да се извини за скандалозната изјава

Трифун Костовски навреди стотици илјади луѓе и треба да се извини за оваа скандалозна изјава, порача поранешниот пратеник, Спиро Мавровски.

Потенцира дека Костовски заборава оти поделбата по националното ткиво во овој момент е премногу осетило.

– Ако тој се бори за правата на другите во Македонија, заедно со тие Егејците кои што можеби се поголеми Македонци од него, треба да одиме заедно и да ги бараме правата за нашите Македонци. Но, тоа за жал не се случува, не само во Грција, туку во моментот не се случува ниту во Македонија. Тоа е катастрофичноста на таа негова изјава, потенцира Мавровски.