
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, заради технички зафати во електро-мрежата без електрична енергија утре во периодот од 09:00 до 14:00 часот ќе останат и корисниците на дел од село Кондово, а од 09:20 до 13:00 часот корисниците на дел од село Рашче, во општина Сарај.
Во периодот од 09:30 до 10:30 часот без струја ќе бидат корисниците на дел од улица „Исаија Маџовски“, од 08:30 до 15:00 часот корисниците на дел од улица 7, додека од 11:30 до 14:30 часот корисниците на дел од улица „Македонска преродба“, во општина Ѓорче Пегров.
Без електрична енергија утре од 09:00 до 15:00 часот ќе бидат корисниците на дел од улиците „Брсјачка буна“, „Злетовска“ и „Нов живот“, во општина Шуто Оризари.
Од 09:00 до 13:00 часот без струја утре ќе останат корисниците од улица „Методија Шаторов Шарло“ број 5а, 7, 9 и 11, а од 00:20 до 12:00 часот корисниците на дел од улиците „23 Октоври“ и „Бојмија“, во општина Аеродром.