
Од страна на екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат.
Кога излегле на местото на настанот полициските службеници констатирале дека освен што е опожарено наведеното возило, на ул. „26“, најверојатно полиени со бензин се и две други возила, „ауди“ и „БМВ“ со скопски регистарски ознаки.
Сите три возила се сопственост на Б.М. и неговата сопруга. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.