
Пораки за унитарна Македонија, зачувување на идентитетот, името, знамето и химната и против двојазичност испратија од Струмица група граѓани кои се собраа под иницијативата „За заедничка Македонија“.
На собирот беа испратени пораки за отфрлање на „тиранската платформа“ и залагање за зачувување на темелите на државноста.
Претставниците на земјоделците истакнаа дека Македонија е државата во која последните 11 години фармерите станале партнер во државата и оти драстично е подобрена положбата на земјоделецот, преку исплаќање субвенции и други бенефиции.
Учесниците на протестот се движеа низ централното градско подрачје.