Мешков Брест победи во Загреб и обезбеди „фајнл – фор“ во СЕХА лигата

Мешков со овој триумф го мина Загреб на табелата и со тоа обезбеди полуфинале против шампионот во оваа лига унгарски Веспрем.

Во второто полуфинале ќе играат македонскиот првак Вардар и хравтскиот Загреб.

Завршниот турнир ќе се игра од 7 до 9.април, а кој ќе биде домаќин ќе биде објавено во понеделник на 20.март.

Конечна табела: Вардар 47 бодови, Веспрем 44, Мешков Брест 35, Загреб 34, Цеље 33, Горење 18, Нексе 18, Металург 17, Татран Прешов 13, Извиѓач 4.