Почина Дејвид Рокфелер

На возраст од 101 година почина милијардерот Дејвид Рокфелер. Неговиот портпарол Фрејзер Сајтел наведе дека Дејвид починал утрово во својот дом во својот роден град Њујорк.

Рокфелер беше американски банкар и еден од најбогатите луѓе во светот. Според податоците на „Форбс“ неговиот имот се проценува на околу две милијарди долари.

Во текот на неговиот живот успеал да остави впечаток на достоен наследник на една од најмоќните капиталистички династии во историјата. Тој беше последен од својата генерација во едно од најпознатите филантропски семејства во светот.