
Претседавачот на конститутивната седница на Трајко Вељаноск, за денеска во 12 часот закажа координација со преставниците на парламентарните партии во Собрание.
На средбата најпрво треба да биде утврден составот и да биде формирана Комисијата за избори и именување, а потоа и да продолжи конститутивната седница, која почна на 30 декември минатата година.
Иницијативата за продолжување на конститутивната седница, во име на 67 пратеници, во петокот ја поднесе генералниот секретар на СДСМ и пратеник, Оливер Спасовски.
– Со оваа иницијатива повеќе нема дилеми околу обезбедувањето парламентарно мнозинство. Иницијативата е потпишана од 67 пратеници и очекуваме Трајко Вељаноски веднаш да закаже продолжување на конститутивната седница за Собранието да може повторно да функционира во интерес на граѓаните – рече Спасовски.
Тој соопшти дека прв чекор ќе биде избор на претседател на Собранието и дека потоа очекуваат претседателот Ѓорге Иванов да му го даде мандатот за формирање влада на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.