
СДСМ денеска соопшти дека обврските на државата коишто стасуваат за наплата оваа недела изнесуваат 88 милиони евра и оти во рамки на тој износ министерот за финансии Кирил Миноски треба да го планира денешното задолжување на домашниот пазар.
Миноски, истакнува СДСМ, извршува техничка функција како министер за финансии, а задолжувањето не треба да биде повеќе од потребниот износ за враќање на доспеаните долгови за оваа недела.
– Во Буџетот на Македонија има доволно средства за исплата на тековните обврски на државата кон граѓаните за што потврдa има и од надлежното министерство, соопштува СДСМ.
Според СДСМ, „досегашната власт го зголемила јавниот долг на 50,1 процент од БДП“ и е потребно формирање нова влада којашто транспарентно и одговорно ќе раководи со јавните финансии“.