
Осумедет и едногодишниот А.Р. починал од повреди кои ги добил откако со трактор се превртел на местото „Конечки Дол“ Радовишко, соопшти МВР.
Случајот во полициската станица во Радовиш синоќа околу 21 часот го пријавил дежурен лекар во Итната медицинска помош.
Таму бил однесено повреденото лице, од каде по укажаната лекарска помош бил пренесен Во Клиничкиот центар во Штип, каде околу полноќ починало.
Од МВР, информираат дека увид местото на настанот ќе се врши во текот на денешниот ден.