
Грабежот се случил синоќа, тука во централното градско подрачје на некој според граѓаните половина час пред затворање на маркетот. Се се случило мошне брзо, велат позади камера оние кои се нашле во супер маркетот за време на разбојништвото. Соземајќи се од првичниот шок, граѓаните и вработените во маркетот веднаш повикале полиција.
Увид од екипа на Крим техника од штипската полициска станица е извршен и се трага по сторителот, изјави портпаролот на штипската полиција Гордана Панајотова.
Штипјани кои живеат во овој реон имаат решение за вакви несакани случки. Кон, лицата кои се решиле на криминални дејанија, не треба да се има страв, но решителност и брза реакција, бидејќи тие се препознатливи.
Такви лица веднаш се препознаваат кога ќе влезат во супер маркет. Имаат исплашен поглед, нивните реакции се несмасни и брзи и имаат растреперен тон на глас, оцени анкетиран штипјанец.
Синоќешниот грабеж на Супер маркет во градот е прв во евиденцијата на штипската полиција за оваа година. Лани под закана со пиштол и нож регистрирани се три случаи, крадците се фатени, а сумата од околу 2000 евра е вратена на сопствениците.