
Преминувањето на летно и зимско сметање на времето за прв пат е направено во 1916 година во земјите на северот на Европа поради заштеда да енергија, а сега се применува во 70 земји.
Летното сметање на времето во поранешна Југославија, а со тоа и во Македонија, е воведено на 27 март 1983 година.
Од 2002 година, Европската Унија, како и останатите земји во Европа, одредија дека почетокот на летното сметање на времето почнува последната недела од март и завршува последната недела од октомври, кога стрелките на часовникот се враќаат еден час наназад.