
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски во процедурална забелешка од собраниската говорница му посочи на Зоран Заев еднаш да собере храброст и да излезе пред македонската јавност и да признае дека ја прифатил Тиранската платформа.
Излези на оваа говорница и кажи пред македонската јавност има или нема платформа. Колегите од ДУИ кажуваат и тука ни ја читаат палтформата, а ти упорно ја лажеш јавноста дека не постои никаква платформа, рече Мукоски.
Мукоски исто така им порача на СДСМ да престанат да лажат и наместо кукавички да се обидуваат да ја протнат Тиранската платформа да излезат со неа на нови избори па граѓаните нека кажат дали се за оваа платформа или не.