
-Се случува народ. Не велам дека другите не се дел од народот и тие имаат свое мислење, но се разликува од мислењето на повеќето. Македонскиот народ е освестен, има повеќе информации, се разбуди едно чувство на државност, припадност, сакање на сопствената земја. Патриотизмот е нешто исконско и тоа работи кај македонскиот народ и ќе ескалира повеќе при поголем напад на државата, вели Михајловски коментирајќи ги протестите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.