
Општинскиот комитет Кисела Вода на ВМРО-ДПМНЕ предводен од претседателот Орце Ѓорѓиевски денес спроведе акција за разеленување на населбата Расадник.
Во рамки на акцијата беа засадени 60-тина листопадни дрва и како што посочи Ѓорѓиевски акцијата ќе продолжи и во останатите населени места.
-Денес засадивме 60-тина дрвца во Расадник како приоритетно место со оглед на тоа што тука се изградени поголем број на нови згради и континуираната грижа за зелените површини продолжува и во наредниот период во рамки на активностите кои се преземаат за унапредување на еколошките стандарди непосредно во сите населени места, истакна Ѓорѓиевски додавајќи дека денес нови садници ќе бидат засаден и во Припор.
Претседателот на ОК Кисела Вода потенцираше дека еколошката акција за засадување на дрвца во наредниот период ќе продолжи во 11 Октомври, Црниче, Пржино, Кисела Вода, Драчево, Усје и Пинтија.