Албанските медиуми објавија снимка – познат идентитетот на уапсените кои го симнаа македонското знаме во Куманово

Две млади момчиња од кумановско Слупчане се лицата кои попладнево го симнаа македонското знаме од јарболот на кумановскиот плоштад и поставија албанско знаме.

Станува збор за Л.С. и Љ.К. кои биле приведени од страна на полициски службеници.

Мотивите за ваквиот нивен потег засега се непознати. За инцидентот е информиран надлежен Јавен Обвинител и во дополнителниот разговор ќе се откриваат мотивите на сторителите.

Во Тиранската платформа се бара отворање дебата за државните симболи. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев изрази подготвеност да разговара.