„Поткуп“ се одложи, одбраната ги бара сите докази

Денешното рочиште за случајот „Поткуп“ во кој обвинет е лидерот на СДСМ, Зоран Заев беше одложено за 4 мај поради барањето на одбраната да им бидат доставени сите докази од предметот.

Според одбраната, доказите се неопходни за подготовка на одбраната, а тие сѐ уште не добиле ништо иако обвинителниот акт им бил доставен. Одбраната извршила увид, но не добиле копија од доказите.