
Во посета на универзитетскта спортска сала при УКИМ, вччера беше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, во придружба на директорот на АМС Марјан Спасески и заменик министерот за образование и наука, Спиро Ристовски.
Македонија ја доби најмодерната универзитетска спортска сала во својата историја. Tаа има 800 седишта и се простира на скоро 6.000 метри квадратни, од кои 3.067 метри квадратни самата сала и 2.000 метри квадратни со партерното уредување.
Подот во салата е изработен по специјални меѓународни стандарди, тој е од гумен еластичен полимер, таму може да се игра мал фудбал, кошарка, ракомет, бадминттон, тенис и други спортови. Опремата која ќе се користи во салата е огромна, дел е монтирана, дел тек треба.
-Ваква инвестиција во последните 70 години на спортско универзитетско ниво се нема случено, прв ваков објект кој што ги исполнува сите меѓународни стандарди. Веќе сме во завршна фаза, тврдата градба е завршена, во моментов во завршна фаза е и водовот и електриката, тоа е обврска на ректоратот, изјави Спасески.
Инаку салата има 17 санитарни јазли, 4 се за спортистите, 8 санитарни јазли за публика, бидејќи може да се користи за меѓународни натпревари, 2 санитарни јазли за лица со посебни потреби. Салата има и посебни простории за медицински персонал, за судии, за делегати, за допинг контрола, за фитенс, за пинг понг, теретана, посебни простории за предавање и за управител и секретар на објектот. Како што вели директорот на АМС Марјан Спасески, самата сала може да функционира како посебно правно лице.
Системот кој се користи за греење во оваа сала е енергетски ефикасен, тој е прв од ваков карактер кој се користи во сала во Република Македонија
-Системот за греење е автономен, смарт систем, за греење, за рекуперација и вентилација, постојат посебни сонди кој што ја мерат влажноста на воздухот, во моментот кога ќе ја надмине просечната вредност, се вклучува рекуперацијата и вентилацијата. Подно греење има за самиот под, изјави Спасески.
Прозорците во салта можат да издржат удар од топка, така што нема да има проблем со нивно кршење и евентуално сервисирање. Голема благодарност за овој објект изрази и деканот на факултетот за физичка Вујица Живковиќ. Тој потенцираше дека оваа сала треба на голема сцена да го врати универзитетскиот спорт во Македонија.
-Ова не некој начин ќе биде еден голем потстрек за развој на универзитетскиот спорт, на државно, а и интернационално ниво. Ова беше важен предуслов за развитокот на уверзитетскиот спорт, изјави деканот на факултетот за физичка култура Вујица Живковиќ.
Оваа сала има 800 седишта и е поголема од останатите сали кои се дел од проектот за изградба на спортски сали, чија големина е околу 450 до 500 седишта. Оваа е 35-та сала од истиот проект, а во завршна фаза се уште неколку, според зборовите на директорот на АМС Марјан Спасески.
Вкупната инвестиција за оваа утрамодерна универзитетска спортска сала е 154 милиони денари или околу 2 и пол милиони евра.