
-Голем масовен собир 3-ти април, понеделник 17:00 часот од пред Влада до зградата на ЕУ, објавено е на официјалниот профил на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.
Денешното собирање пред седиштето на ЕУ кореспондира со доаѓањето на првиот човек на Европскиот совет, Доналд Туск .
Барањата на организаторите за време на протестот остануваат исти, а тоа е ЕУ да ја отфрли и осуди платформата од Тирана и да дозволи да бидат распишани нови парламентарни избори.