Илиевски до СДСМ: Народот кој што ве ставил во Собрание, може да ве извади од Собранието

Членот на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски денеска одговори на изјавата на потпретседателот на СДСМ, Љупчо Николовски дека СДСМ имале план како да изберат спикер и потоа да формираат влада.

-Љупчо, и ние имаме два плана. Првиот е да се откажете од Тиранската платформа, а потоа формирајте што сакате и како сакате. Вториот план е следен, народот кој што ве ставил во Собрание, може да ве извади од Собранието, и тоа не смеете да го заборавите, му порача Илиевски на Николовски.

Тој рече и дека никакви обиди за шверцање или подметнување на Тиранската платформа да не им падне на памет, бидејќи, како што вели, тогаш и нас може да ни падне на памет сенешто.

17795721_610035755872240_5383619886748150248_n

17796410_610034782539004_979145714474550294_n

Илиевски денеска ги повтори барањата на Граѓанската иницијатива

„За заедничка Македонија“.

– Повторуваме дека сите политички субјекти мора да се откажат и да ја осудат Тиранската платформа. Не може да се избере Претседател на Собрнието кој нема да ја отфрли и да ја осуди Тиранската платформа, истакна Илиевски.

Според него, досегашните протести на иницијативата довеле до неколку победи.

– И овдека, под Порта Македонија ќе повторам дека благодарение на нашата активност, секој ден на улица, немаме Тиранска влада. И денеска не беше избран Претседател на Собранието, качен на Тиранската платформа, посочи Илиевски.

Тој додаде и дека барањата на граѓаните ги слушнале сите амбасадори,некои, како што вели, со поотворени уши, а некои не.

17796508_610035115872304_7218052575948121080_n 17800351_610036465872169_1919332339994548885_n