
Ова на денешниот масовен протестен марш на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ во Скопје го истакна Борис Дамовски, член на иницијативата.
Вели дека народот е спремен да ја земе правдата и конечно да ја донесе во Македонија.
Стотици илјади луѓе се готови да ја земат правдата и да ја донесат конечно во Македонија, истакна Дамовски.
Тој посочи дека сите го знаат излезот од оваа криза, како што вели, попис и избори.
Попис и избори, пратеници на Тиранската платформа, немакедонски пратеници. Ова море нема да мрдне се додека не се откажат од Тиранската платформа, порача Дамовски.