
Битолчани вечерва повторно излегоа на масовен протестен марш со поддршка на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.
Порачаа дека нема да дозволат да се наметне Тиранската платформа и нејзината содржина.
Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ веќе 40 дена, освен во Битола, протестира во повеќе од 40 градови и населени места ширум земјата против Тиранската платформа.