
Како што соопшти полицијата, незгодата се случила во 17:30 часот во атарот на село Канатларци, на некатегоризиран земјен пат кај местото Канатларска Чешма. Тракторот е модел „ИМТ“-533 и немал регистарски ознаки.
Повредениот кој има скршена горна вилица, по укажаната лекарска помош во Општа болница Прилеп, е препратен во Клинички центар Скопје на натамошно лекување.