
Турција упати повик за итно создавање зона на забранети летови и безбедносна зона во Сирија, изјави денеска Ибрахим Калан, портпароол на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Турската страна го мотивира повикот со неопходноста да се спречат нови случаи на масовно убиство меѓу цивили во Сирија, додаде Калан.
Најмалку 90 луѓе загинаа и стотици беа повредени во наводниот хемиски напад извршен во вторникот во Хан Шејхун, сириски град во северозападната провинција Идлиб.