Црвено-жолтиот Охрид порача: Будни сме! (ВИДЕО)

Огромен број на возила на кои се вееше македонското знаме денес возеа низ Охрид давајќи поддршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

Црвено-жолтата боја се разлеа и во Охрид, а охриѓани со свирежи им порачаа на своите сограѓани да се разбудат бидејќи доѓаат клучни денови за зачувување на унитарноста на Република Македонија.