
Земјотрес со јачина од 5,2 степени по Рихтеровата скала ја затресе Албанија денеска точно во 15.53 часот.
Земјотресот ги вознемири и македонските граѓани, а епицентарот е на 55 километри северно од Тирана, како и 32 километри западно од Пешкопеја.
Потресот бил на длабочина од 10 километри.
Земјотресот првично го регистрираше Сеизмолошката опсерваторија во Подгорица.