„Една може“ почнува акција за рециклирање на стари алишта

Здружението за еднородителски семејства „Една може“ од Скопје денеска почнува со спроведување на проектот „One made – handmade“. Една може проект за алишта Од Здружението ги повикуваат сите кои имаат вишок облека, платна и најразлични видови материјали да ги донираат во нивните простории, на улицата „Народен фронт“ бр. 5, од 15 до 20 часот. Најавуваат дека ќе направат корисни дизајнерски парчиња кои ќе ги понудат во иднина. – Мас-потрошувачкото општество не притиска да трошиме и кога не треба, а со тоа да произведуваме отпад кој е штетен за целата планета. Ние решивме да сме еколошки одговорни и да возвратиме со рециклирање и пренамена на веќе постоечки производи во вид на облека и алишта кои ни здодеале. Ќе создаваме неодоливи парчиња кои ќе имаат специјално место во вашите плакари, соопшти Здружението „Една може“