Шестмина загинати при уривање на зграда во Полска

Билансот на жртви од несреќата вчера во Полска кога се урна станбена зграда утрово порасна на осум загинати.
Меѓу загинатите се и две деца, а четири лица се повредени.

Зградата, двокатница од времето околу Втората светска војна, се урна во саботата утро од засега непознати причини. Од урнатините спасувачите извлекоа шестмина мртви, меѓу кои две деца, четворица повредени станари, меѓу нив и 13-годишно момче. Други 20 станари се евакуирани.
Превентивно се евакуирани и околу 200 станари од соседните двокатници и се уште не можат да се вратат во своите домови.