
Американската морнарица соопшти дека кон Корејскиот полуостров пратила борбени бродови на чело со носач на авиони.
Со тоа, како што се наведува, се покажува сила во спротивставувањето на програмата за нуклеарно вооружување на Северна Кореja.
Овој потег ќе предизвика тензии во регионот, а следи кратко по американскиот ракетен напад во Сирија, кои многумина го толкуваат како предупредување за Пјонгјанг поради одбивањето да се откаже од нуклеарните амбиции, заклучува АФП.
„Американската Пацифичка команда наложила борбената група ‘Карл Винсон’ да тргне кон север како превентивна мерка со цел одржување на подготвеноста и присуство во западниот Пацифик“, изјавил командантот Дејв Бенам, портпарол на американската Пацифичка команда.
Тој за француската новинска агенција изјавил дека „Северна Кореја и понатаму е закана број еден во тој регион поради својата безобзирна, неодговорна и дестабилизирачка програма за ракетни проби и желба за нуклеарно вооружени капацитети.“
Воената единица, чијшто првобитна задача беше поврзан со пристаниште во Австралија, тргнала од Сингапур кон западниот Пацифик.
Пјонгјанг настојува да заврие ракета со долг домет која може да погоди цели на американско копно со нуклеарна боева глава и досега изведе пет нуклеарни проби од кои две лани.
Анализи на сателитски снимки најавуваат дека Северна Кореја можеби подготвува и шеста проба додека американските разузнавачки функционери предупредуваат на можност Пјонгјанг би му биле потребни помалку од две години да развие нуклеарна боева глава која би можела да достигне до континенталниот дел на САД.
Инаку, Северна Кореја вчера го осуди нападот на САД изведен во петокот на воздухопловната воена база во Сирија како акт на „недопустлива агресија“ која “по милионити пат“ ги оправдува амбициите на Пјонгјанг за веродостојно нуклеарно вооружување.