Ердоган: Европа се распаѓа

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган уште еднаш ги повтори обвинувањата спрема Европската унија во врска со обидот на Турција да влезе во Унијата, наведувајќи дека Европа „ќе плати за она што му го направи на турскиот народ“.

Во говорот во Измир пред најавениот референдум на 16 април за уставни промени со кои се зголемуваат овластувањата на претседателот, тој Европа ја нарече „болен човек“, израз што за Турција ја имаа европските политичари за Отоманската империја која почна да се распаѓа во 19 век.