
Величествена е глетката и силата на овој народ, овој граѓански протест е надпартиски, надетнички, надидеолошки, и тоа го прави величествен и отпорен на секакви напади кои ги слушаме 43 дена по ред, истакна Жанета Вангели, македонска сликарка, истакната авторка на инсталации, видео и филмски проекти, на денешниот протест пред Собранието.
-Тие напади нема да не спречат, затоа што ја знаеме вистината, а таа е дека ние се залагаме за уставна, унитарна и суверена Македонија.
Тиранската платформа е недискутабилна и воопшто нема да ја коментирам, рече Вангели и додаде: Доколку ја прифатиме истата, ќе имаме конечна капитулација на Република Македонија.