
Во мултимедијалниот културен центар „Матица екслузив“ на 11 април во 19 часот ќе се одржи поетска вечер посветена на унгарската поезија.
Настанот е во организација на Унгарската амбасада во Скопје и издавачката куќа „Матица македонска“.
На чествувањето свое обраќање ќе имаат амбасадорот на Унгарија, Ласло Дуцк и писателот Раде Силјан, а стихови од големите унгарски поети Шандор Петефи, Атила Јожеф, Ласло Наѓ и Ференц Јухас,во препев на Паскал Гилевски ќе читаат членови на друштвото на унгарците „Теледом“ од Скопје.