
Белата куќа се уште официјално го нема објавено соопштението за потпишување на протоколот.
Американскиот Сенат го ратификуваше протоколот со огромно мнозинство гласови на сенаторите од двете партии – 97 се изјаснија со „да“, додека само двајца сенатори, Ренд Пол и Мајкл Ли, беа „против“.
Сенаторите оценија дека членството на Црна Гора во НАТО ќе ја зајакне Алијансата и истовремено ќе ја зацврсти демократијата и независноста на Црна Гора.
Исто така наведоа дека црногорското членство ќе ја зајакне американската национална безбедност и ќе и испрати силна порака на Русија „што пробува да ги окупира соседите и да го менува меѓународниот поредок“.
Откако Трамп се потпиша на ратификуваниот протокол за ширење на Алијансата, останува процедурата за верификација да ја окончаат уште Холандија и Шпанија.
Црногорските претставници очекуваат Црна Гора да биде полноправна членка на НАТО веќе на самитот што ќе се одржи кон крајот на мај во Брисел.