
Димовски додаде дека сето тоа се случува поради тоа што народот се чувствува измамен, односно темата која што СДСМ ја наметнаа заедно со албанските партии или Тиранската платформа не е она за кое што македонските граѓани се изјаснувале на изборите.
Пратеникот апелираше до колегите дека наместо некакви Тирански платформи на граѓаните им се потребни економски и социјални платформи кои што ќе го подобрат нивниот живот.
-За три недели додека ние тука се расправаме за Тиранската платформа се најавија 3 нови странски инвестиции. Една во Скопје, втората во Струмица и третата во Желино каде што се мнозиство нашите сограѓани албанци. Тоа значи дека ВМРО-ДПМНЕ работи еднакво за сите граѓани во Република Македонија, рече Димовски.