
Од 10:00 до 14:00 часот утре без струја ќе бидат дел од корисниците од ул. Кичевска во општина Ѓорче Петров, од 09:15 до 12:45 часот селата Летевци, Катланово, Брезница, бензинската пумпа Р’жаничино, тунелот Катланово, Катлановска Бања и фирмата Сити Трејд во општина Петровец, од 08:00 до 10:00 часот дел од корисниците од ул. Филип Втори Македонски – згради на КИЦ и ССМ, и ул. Кочо Рацин во општина Центар, а од 09:00 до 15:00 часот дел од корисниците од улиците Нов Живот, Злетовска и Брсјачка Буна во општина Шуто Оризари.
Во периодот од 10:30 до 15:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од ул. Горноврановска во општина Кисела Вода, од 09:00 до 14:00 часот корисниците од ул. Козле околу бројот 101 во општина Карпош, од 08:30 до 10:00 часот дел од корисниците од ул. Тодор Чангов – подулица бр. 19 во општина Аеродром, а од 09:00 до 15:00 часот корисниците од ул. Лазар Танев во Стара Чаршија – преноќиштето Рамче и околината во општина Чаир.