
Шестнаесет лица се повредени денеска во сообраќајна несреќа на минибус, кој превезувал ученици во округот Токат, во северна Турција, јави турската телевизија НТВ.
Несреќата се случила на патот Токат-Сивас. Минибусот преминал во спротивна лента, по што се превртел.
Во несреќата се повредени 15 ученици и возачот на минибусот. Тие се примени во болница во градот Токат.