
Како што информира УХМР, најинтензивни се појавите на грмежи и повремен дожд на североисток во регионите на Свети Николе, Пробиштип, Кратово и Крива Паланка, а и на север во Скопската котлина. Поинтензивен ветер има на поголемите височини на североисток.
– Послаба нестабилност има, исто така, и во преспанскиот регион и овие облачни маси се приближуваат кон јужните делови од Пелагонија, а појава на нестабилност има и во Гевгелиско, соопштува УХМР.