
– Ракетата експлодира речиси веднаш по лансирањето. Се уште проценуваме за кој тип ракета се работи, изјави Дејв Бенем. Лансирањето бил околу 21:30 часот по Гринич.
Северна Кореја вчера одбележа 105 години од раѓањето на својот основач Ким ил-Сунг со воена парада во Пјонгјанг во момент кога растат тензиите во регионот поради нуклеарните и ракетни програми на таа држава. За време на парадата армијата на Северна Кореја претстави и нова интерконтинентална балистичка ракета.